Hakkımızda

3a Hac

Кои Сме Ние?

Најдоброто од млекото!

Sütaş го носи најдоброто од млекото со своите свежи, природни и вкусни млечни производи; секојдневно обезбедува здравје и среќа на своите потрошувачи во повеќе од 47 земји низ светот.

Историја на брендот

Историјата на брендот Sütaş датира од 1975 година, кога за прв пат е лансиран во Бурса, Турција.

Со текот на годините, брендот го проширува своето портфолио на млечни производи за да ги задоволи потребите на потрошувачите од сите возрасти, воведувајќи безброј иновативни производи на пазарот. Денес, производите на Sütaş можат да се најдат во 8 од секои 10 домаќинства во Турција, внесувајќи задоволство и здрави навики во секој дом.

Покрај своите висококвалитетни млечни производи, брендот Sütaş е познат по уникатната фарма, по среќните крави и прекрасните Sütaş карикатури. Sütaş е водечки млечен бренд во Турција веќе 17 години (Nielsen) и е награден како Lovemark бренд од турските потрошувачи.

Во 2014 година, брендот Sütaş го прошири својот пласман и во С. Македонија и стана еден од главните брендови на овој пазар.

Иасија за висококвалитетни, природни млечни производи

Брендот Sütaş се фокусира само на млечните производи и го дава „најдоброто од млекото“ на своите потрошувачи преку широкиот асортиман на природни, хранливи и вкусни млечни производи кои ја зачувуваат есенцијата и хранливите состојки на млекото.

Производите на Sütaş се направени за да ги задоволат различните потреби и очекувања на македонските потрошувачи и се произведени со долгогодишна експертиза. Секојдневно се присутни во илјадници домови, како UHT млеко, јогурт, кисело млеко, павлака, ајран, путер и сирење за да се подобри квалитетот на животот на потрошувачите и да им се донесе здравје и среќа.